Велешанец заработи кривична за нелегално превезување на патници во и надвор од Македонија
Објавено: 3 јули, 2014, во 11:49 часот
Триесет и едногодишниот Б.З е осомничен дека во октомври лани со приватен автомобил, пренел тројца велешани преку граничниот премин Богородица во Грција со цел да заминат во Германија и да бараат економски азил. Откако, годинава, еден од нив го побарал азилот, бил депортиран назад.
Ова е прв случај на осомничен во Велес за нелегален превоз на патници.
„Откако е на сила новиот кривичен закон во Македонија во 2013 година се поднесени кривични пријави и во 2014 досега со оваа кривична пријава се вкупно пет, рече портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.
Против триесет и едногодишниот велешанец, СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и Шенгенскиот договор.
Инаку според кривичниот законик на осомничениот му следува казна затвор од најмалку четири години./Д.С


