Велешанец ја силувал поранешната сопруга
Објавено на 31 јули, 2014 во 11:32
Вистинска драма се случила во Велес, дваесет и седум годишен велешанец ја силувал бившата сопруга, соопшти МВР.
Инцидентот се случил вчера кога мажот возејќи се со својот автомобил ја забележал екс сопругата и со сила ја внел во возилото.
И се заканувал дека ќе ја убие и потоа ја силувал.
Против насилникот СВР Велес поднесе кривична пријава и ќе одговара за кривично дело силување. По претходна постапка судија од основниот суд му изрече мерка притвор во траење од триесет дена./Д.С
