Слаб интерес за упис во прва година на факултетите во Велес
Само 51 бруцош се запишале на четирите факултети во Велес. Слаб е интересот за упис во прва година на високото образование во градот. Од слободни 240 места, од кои 130 за редовни и останатите за вонредни, се запишале само педесетина студенти. Четириесет и четворица ќе бидат редовни а вонредно ќе студираат седум студенти.
Најмногу запишани има на дисперзираните студии на факултетот за Информатички и комуникациски технологии од Битола. Таму од предвидените 5о места половина се пополнети на отсекот информатика и компјутерска техника. Освен редовните запишани се и тројца вонредни студенти.
На технолошко-техничкиот факултет, чии простории се преместени во зградата на поранешниот хотел „Вила Зора“, во државната квота се запишани само 12 студенти од предвидени вкупно 40. Таму настава вонредно ќе посетуваат уште четири студенти.
Слободни места останаа и на дисперзираните студии по сметкоодство и ревизија на Економскиот факултет при УКИМ. Во првиот круг се запишаа само осум студенти во државна квота иако предвидено е настава да следат 40 студенти. Предавањата на овој факултет се одржуваат во попладневните часови во средното економско училиште./Д.С
