Нема тешко повредени во сообраќајката што се случи кај Катлановски тунел

Објавено на 15 декември, 2014 во 11:40

Добра е здравствената состојба на четворицата штипјани кои утринава настрадаа во автомобилот марка „Ауди“ во сообраќајната несреќа пред катлановскиот тунел на автопатот Велес – Скопје. Тие беа пренесени во градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Според д-р Јасминка Чубуковска повредените биле мажи на воздраст од дваесет до четириесет години кои се здобиле со контузии и нагмеченици по телата. По укажаната лекарска помош тие се пуштени на домашно лекување.

Четворицата штипјани кон Скопје патуваа во автомобил марка „Ауди“ со штипска регистерска табличка. Несреќата се случи околу 10 часот на еден километар пред Катлановскиот тунел кога од засега не утврдени причини автомобилот во кои патувале удрил во заштитната елестична ограда на патот, ја откорнал  и влетал во нискостеблестата шума покрај автопатот.

Од синоќа, на оваа автопатска делница има густа магла. Сообраќајот и утринава се одвива во отежнати услови со видливост помала од 50 метри. На повеќе места на патот се вршат поправки кои се причина за возење со намалена брзина и создавање на колони. Коловозот е влажен и на грмушките и дрвјата покрај патот има иња.

Од  увидот на местото на сообраќајката, што го направи екипа на СВР Велес, ќе се утврдуваат причините кои го предизвикувале излетувањето на аудито надвор од автопатот. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.