Полицијата одзима „пиратки„ но, на улиците во Кавадарци одекуваат пуктоници од петарди

Објавено на 15 декември, 2014 во 12:57

И покрај засилените контроли од полицијата и високите казни за продавачите на петарди , сепак и годинава пукотници го најавуваат наближувањето на новата година. Во Кавадарци речиси исто како и минатите години се слушаат многу чести експлозии од најразлични пиротехнички материјали.

Полицијата одзеде 1700 парчиња петарди или полуларно наречени кај најмладите  „пиратки“.  Ги пронашле како се продаваат на црно под тезга кај уличните продавачи на новогодишни украси лоцирани на градскиот плоштад во Кавадарци. Од полициската станица подтврдуваат дека прекршителите ќе се соочат со казни согласно законот за заштита од екслозивни материи кој предвидува глоба во висина од 200 до 400 евра.

Од инспекторите за превенција дознаваме дека ова не е прва туку напротив чести биле овој период полициските контроли во кој се одземаат пиротехничките средства нелегално пуштени во продажба.

Од Полицијата апелираат да се внимава и да не се трошат пари на петарди и останата пиротехника бидејќи истата може да има фатални последици. Младите да бидат особено внимателни и да пробаат празниците да ги дочекаат во весела атмосфера без пиротехника, а парите наменети за истата да ги искористат во хуманитарни цели.

Полицијата потенцира дека акциите на терен продолжуваат и дека нема да има толеранции за никој. Ќе биде одземена секоја нелегална количина пуштена во продажба . Немојте ниту да продавате,  ниту да користите за забава петарди, е апелот на кавадаречката полиција. А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.