Што според граѓаните и младите „На Велес му треба…“ ?

Објавено на 16 декември, 2014 во 14:51

Пораките со желби на граѓаните на Велес, напишани и закачени на ѕидот именуван како „На Велес му треба…“  ќе бидат групирани и потоа доставени во службите на општина Велес.  На овој начин поддржувачите на иницијативата за формирање на локален младински совет во градот ќе ја заокружат својата активност. Потоа ќе чекаат градската власт да ги информира кои од предлозите ги прифаќа и ќе ги стави во програмите за комунално или инфраструктурно уредување, изградба или можеби како идеи ќе и послужат при подготовката на проекти за чија реализиација ќе побара партнери дома и во странство.

„Сите напишани желби од граѓаните утре ќе ги класифицираме по области. Потоа наши преставници ќе ги однесат во општината. Потоа се надеваме дека ќе бидеме сведоци и на нивната реализација. Над сто пораки напишаа граѓаните и ние им благодаримешто ја поддржаа нашата иницијатива или оваа наша активност. Освен млади свои желби напишаа и повозрасни граѓани,“ рече Дејан Ристов поддржувал на иницијативата за формирање на локален младински совет.

Во желбите што преку пораки ги напишаа младите тие посакаа да се отвори кино, младински информативен центар, прифатилиште за бездомни животни, изградба на велосипедска патека и затворен пливачки базен. Постарите граѓани воглавно  посакаа во нивниот град да се градат улици и паркови, да се одржува и сади зеленило и дрвја и секако да се отвораат фабрики и работни места како основа за градење на подобар и поквалитетен живот за семејствата особено за младите луѓе.

Пораките на младите велешани ба закачени на хамер кои послужи како ѕид со желби на главната градска улица „Благој Ѓорев“ . Тие се дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а во Македонија го реализираат Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД).  /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.