Работилница на Фондот и пензионерите во Велес за превенција од најчести заболувања

Објавено на 17 декември, 2014 во 12:24

Велешките пензионери на средба со првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова. Од прва рака се информираа за правата што ги имаат како осигуреници на фондот но и за тоа како превентивно да делуваат при најчестите заболувања дијабетесот, бубрежните и кардиоваскуларните заболувања. Денешната работилница во Велес е дел од проектот на Фондот по иницијатива на Сојузот на пензионери.

„Ова е осумнаесета средба на Фондот за здравствено осигурување, што по иницијатива на претседателот на сојузот на пензионери ја реализиравме, тоа е една соработка со потпишан меморандум и морам да кажам дека е доста успешна и оваа година е на тема превенција за трите заболувања како и информирање на пензионерите за нивните права како осигуреници, рече Маја Парнарџиева Змејкова, директор на ФЗОМ.

За цените на лековите најчесто прашуваат пензионерите на ваквите средби со фондот. Но исто така се интересираат и за бенефициите што фондот ги нуди за нив. Според претседателот на Сојузот на пензионери Драги Аргировски, од ваквите работилници произлегуваат бројни бенефиции за пензионерите.

„Овие средби се покажаа како многу позитивни, ете од почетокот на годинава 3.500 лекови се со намалени цени, 1300 пензионери годинава искористија бесплатно лекување. Освен тоа пензионерите имаат можност да се едуцираат преку ваквите работилници и да се информираат за се она што ги тишти и засега, рече Аргировски.

Вакви средби со пензионерите Фондот за здравствено осигурување ќе одржува и наредната година и тоа во сите градови каде има подрачна единица. Тема на средбите ќе биде она што најмногу ги засега пензионерите, лековите./Д.С

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.