Таксистите се лиценцираат и продолжуваат да се жалат на нелојална конкуренција
За месец и половина вкупно 158 граѓани во Велес добиле уверенија или сертификат за такси возачи. Досега се одржани четири испитни сесии а за петок е закажана и петата за која до денеска можеа да се пријават заинтересирани кандидати. Надлежните очекуваат дека со сертифицирањето на такси превозниците конечно ќе се стави ред во хаосот кој владее на велешкиот асвалт.
Но и покрај ова, таксистите се уште се соочуваат со проблеми во извршувањето на својата професија. Тие се жалат на нелојална конкуренција, поточно таксистите кои работат на црно како и на недостигот на паркинг простор во градот.
Овие проблеми ги утврдила и локалната самоуправа од каде велат дека во иднина ќе ги санкционира сообраќајниот инспектор.
„ Ќе мораме да го решаваме тој проблем бидејки регуларните авто такси превозници ќе можат да покренат спор против општината доколку не им се создадат услови за работа“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Според неофицијални проценки во Велес има околу 500 такси превозници, мал дел од нив се легални и имаат лиценца, а останатите се „диви таксисти“./Д.С
