Осомничени велешани и кавадарчани за кражби на дрва

Објавено на 18 декември, 2014 во 12:29

Наместо вистинската количина огревно дрво што ја продавале, во испратницата задолжена од Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство, запишувале многу помала количина на огревно дрво. Двајца жители на село Долно Јаболчиште на возраст од 22 и 25 години на овој начин нелегално заработиле речиси 120 илјади евра и затаиле данок во висина од околу три илјади евра. Кривичните дела ги сториле годинава. Двајцата биле одговорни во фирмата за транспорт, трговија и Услуги „Шпенди Компани“.

“Во документот наменет за купувачот ја внесувале вистинската количина на продадено огревно дрво, но во документите за книговодство наведувале количини од еден до два метри кубни дрва. Одделението за криминалистичка полиција во Велес против нив поднесе кривична пријава и ќе одговараат за четири кривични дела, затајување данок, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на службена исправа и кражба на дрва,“ рече портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

За слични кривични дела осомничени се уште осумина кавадарчани, вработени во подружните единици на Јавното Претпријатие Македонски шуми. Против тројца вработени во подружница Бор ШСЕ „Клиново 2“ на возраст од педесет и две до педесет и шест години, надворешната канцеларија за криминалистичка полиција во Кавадарци поднесе кривична пријава за несовесно работење во службата.

„Лани, тројцата вработени во шумското стопанство несовесно ги извршувале своите овластувања и должности и со тоа предизвикале кусок во касата од околу три илјади евра. Кривична пријава за несовесно работење заработија и уште петмина вработени во подружницата Бор Кавадарци, ШСЕ „Кожув 2“. Несовесно постапувајќи во извршувањето на своите овластувања и должности направиле финансиски кусок од над четири и пол илјади евра,“ рече Стојовска.
Против сите овие лица и едно правно лице, СВР Велес поднесе три кривични пријави за несовесно работење, кражба и други дела во врска со набавка и превоз на огревни дрва./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.