Велешани со оптимистички но и помалку надежни желби за новата година

Објавено на 19 декември, 2014 во 14:10

Со реални но понекогаш тешко остварливи желби зад нас ја оставаме старата и ја дочекуваме Новата година. Многу здравје, среќа и радосни моменти си посакуваме себеси но и на најблиските, секогаш со поголем оптимизам на крајот отколку во текот на годината. На десетина дена пред стартот на Новата 2015 –та година, велешани со скромни и искрени желби, лошите моменти да се заборават, а новата година да им донесе здравје, мир и благосостојба.

„Што да им посакам се знае пред се многу здравје, љубов и благосостојба, за нас постарите што сме на залезот на кариерата, но да не заборавиме за младите вработувања и повисоки плати, затоа што во нив е иднината на оваа држава.“

„Да носи здравје, љубов и да има соживот меѓу луѓето како порано, без разлика на нивната верска или каква било друга припадност. Тоа е најважно.“

Кај дел од граѓаните кои денеска Дума.мк ги анкетираше не можеше да не се забележи разочараноста, но и за нив доаѓа Новата година.

„Сакам Дедо Мраз да ми донесе сила со која ќе можам да се одбранам од високо образованите умоболни личности во институциите, установите . Сакам ова да го слушнат сите министерства.“

„Убаво е да си посакаме се најубаво во новата година, но како да заборавиме тоа што ни се случува со години наназад во оваа наша држава. Тоа е тешко:“

Како и колку од новогодишните желби ќе се исполнат зависи само од нас, колку сме истрајни и упорни во намерата нашиот живот да го направиме подобар./Д.С

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.