Почина Бранко Ацков, поранешен кошаркар на КК „Жито Вардар“ и КК „Борец“

Објавено на 19 декември, 2014 во 15:41

Во четврток вечерта, на 18 декември, ненадејно во Велес почина Бранко Ацков. Познатиот спортист, кошаркар и капитен на КК “Жито Вардар“ смртта го затекна на педесет и три годишна возраст. Велешани ќе го паметат како дел од најдобриот тим на клубот кој во периодот од 1993-1996 ги полнеше кошевите на спортските противници и ги постигна најдобрите резултати пред верните навивачи во преполната сала на Спортско рекреативниот центар „25 мај“ во Велес.

Ацков беше член и на КК „Борец“ и еден од основачите на КК „Велес 2000“. Во времето кога го носеше дресот на „Борец“ клубот два пати беше првак на Македонија и се натпреваруваше во Втората лига на поранешна Југославија.

Бранко Ацков ќе биде погребан во сабота, на 20 декември, на новите градски гробиштата во Раштани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.