Годинава, мистериозно исчезнаа и им се губи секаква трага на двајца велешани

Објавено на 22 декември, 2014 во 13:16

Иако во полициската евиденција годинава биле пријавени вкупно деветмина изчезнати граѓани најкарактеристични случаи се два. Ниту трага ниту глас нема и од шеесет и петгодишниот Киро Кимов. Тој мистериозно исчезна на шести октомври годинава.

Последен пат бил виден на Мегдан кога тргнал да си оди дома, но од тогаш му се губи трагата. Кимов бил пензионер кој имал земја што ја обработувал во близина на месноста Бојаџиева чешма и таму живеел. Во градот доаѓал да го надгледуба братот кој единствено го имал од потесното семејство, го снабдувал со храна по што повторно заминувал во поле. Неговите роднини и по два месеци не се откажуваат од потрагата и понатаму бараат помош од сите граѓани кои на каков било начин можат да им помогнат да го пронајдат Киро. Исчезнатиот маж кога последен пат бил виден на себе носел кафеава мајца со кратки ракави, фармерки и бели патики.

 

Полицијата е во потрага и по седумдесет и едно годишниот В.А. од Велес. Тој исчезна на десети јуни годинава, кога излегол од дома и повеќе не се вратил

После седум месеци на 11 ноември годинава беше пронајден мртов четириесет и шест годишниот Ганчо Симсаров, кој исчезна во април. Неговото безживотно тело го пронајде рибар кој случајно ловел риба на местото викано Коработ кај река Вардар на само четири метри од брегот. На него се уште била кожната јакна што ја носел тогаш кога исчезнал. Веднаш пријавил во полиција, која потоа трелото го предала во судка медицина на обдукција. Резултатите покажале дека лешот му припаѓа на велешанецот Ганчо Симсаров./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.