Велешки урбани легенди: Трајче Шојлев и во болница си нарача пиво!

Објавено: 17 јануари, 2015, во 12:34 часот

Трајко Шојлев, раководител на кооперација на АК„Лозар“ во Населба Чашка,, заедно со уште четворица други вработени, со џип заминале за Велес да се честат во една од кафеаните. Почнале со ракија, а завршиле со пиво и вино. Конечно, кога кафеаната затворила решиле да се вратат во Чашка. Сите биле пијани. Тргнале со џипот  ама не стигнале во Чашка туку до месноста Долги Рид. На  еден од свиоците џипот излетал од патот и се превртел неколку пати.

Набргу биле пренесени во болницата во Велес. Лекарите по прегледите констатирале дека има и потешко повредени ама сите ги задржале на болничко лекување и ги ставиле  да лежат во една соба.

Утрото, прв се освестил  Шојлев. Толку бил зашеменен од испиениот алкохол  што не знаел каде се наоѓа кога пред утринската визита, лекарот што ги примил и лекувал цела ноќ влегол во собата за да ги види пред да си замине. Шојлев му се опулил, видел човек во бел мантил и му заличел на келнерот што претходниот ден ги служел во кафеаната и извикал:

„Момче, за мене едно добро изладено пиво, а за другите што ќе посакаат и се стави на моја сметка“.

Лекарот се насмевнал и одговорил:

„Денес куќата чести.За пиво ќе чекате.  Сестро, дај ги прво инјекциите, побрзо донеси им ги на ожеднативе пациенти!“, и се обратил лекарот на медицинската сестра.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.