Не ЕВН туку ангажирана фирма од страна на општината треба да ги отстранува дефектите на уличното осветлување во Велес

Објавено на 13 февруари, 2015 во 16:50

 

Оној момент кога ќе се јават дефекти на уличното осветлување низ мрежата во градот граѓаните не треба да се јавуваат во подружницата на ЕВН или во диспичерскиот систем во Скопје туку за проблемот треба да пријават во општината. Локалната самоуправа има ангажирана фирма за одржување и отстранување на дефекти и промена на сијалици на столбовите и бандерите низ Велес. Фирмата, според склучениот договор со општината, во рок од два часа треба да излезе и да го отстрани дефектот.

Вака градоначалникот одговори на новинарско прашање каков проблем се појави во градското осветлување што беше причина четири вечери , на почетокот на месецов, без светло да останат повеќе споредни улици во центарот на Велес.

„ Ние имаме договор со фирмата дека ни стои дваесет и четири часа на располагање. Таа треба да ги лоцира и отстранува дефектите во временски период од два часа по пријавувањето. Ќе ја проверам информацијата зошто тоа се случило и ќе ве информирам,“ рече Чадиев.

Споредните улици во центарот на градот, без улично осветлување останаа за време на првиот викенд месецов кога во градот имаше обилни врнежи од дожд./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.