Полицијата против две лица поднесе кривична пријава за дилање дрога
Објавено на 17 февруари, 2015 во 11:39
За 160 грама марихуана кривично ќе одговараат дваесет и шестгодишниот М.Ц. од Велес и дваесет и петгодишниот Д.Т. од Скопје. Кривичните ги заработија за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства. На девети декември минатата година полицијата ги фатила со дрогата на лице место. Полициските службеници го запреле такси возилото во кое се превезувал скопјанецот, го претресле и кај него пронашле 159,98 грама марихуана. Дрогата претходно ја набавил од неговиот пријател од Велес.
СВР Велес против двајцата дилери поднесе кривични пријави за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични и други психотропни супстанци и прекурсори.
