Матурантот Арсовски истражуваше за слободата на изразување: „Во Македонија ја има само на социјалните мрежи„

Објавено на 23 јуни, 2015 во 13:29

За тоа колкаво е значењето на слободата на изразување во едно општество и што таа значи за одредени луѓе во Македонија, раскажува осумнаесет годишниот Александар Арсовски од општина Чашка, во три минутното видео, со кое го освои третото место на конкурсот објавен од Францускиот институт во Скопје. Краткометражното видео насловено како „Кислородот на демократијата“ се состои од интервјуа на личности од разлини категории и возрасти. Во него тие раскажуваат како ја доживуваат слободата на изразување во средината во која што живеат, а преку нараторството свое мислење за темата дава и авторот на видеото.

„Пораката на видеото е дека сите треба да се чувствуваме слободни и да не се потиснуваме самите себеси дури и кога мислиме дека нешто не е правилно да го кажеме тоа додека не прерасне во говор на омраза. Слободата на изразување и говорот на омраза се како црно и бело, така го претставивме  i во нашето видео, го поврзавме со кинеската култура како што се јинг и јанг затоа што многу лесно може да се премине од слобода на изразување до говор на омраза. И тоа е кратката граница која доколку се пречекори можат да настанат катастрофални последици а може да настане и голема слобода по која сите мечтаат“, рече Александар.

Според Арсовски, Македонците послободно се изразуваат на социјалните мрежи што не е случај со останатите медиуми каде што, како што вели, слободата на изразување е на многу ниско ниво.

„Преку видеото покажуваме дека слободата на некои луѓе им е одземена и тие се свесни за тоа, прават некои постаки за тоа но не можат да ја вратат, на некои луѓе пак слободата им е одземена а тие не знаат за тоа и не прават ништо да си ја вратат назад и тоа е страшното кое ни се случува во општеството. За да може секое општество нормално да функционира мора да има слобода на изразување. Бидејќи таа е куслородот на една демократија“., рече Арсовски.

Три минутниот краткометражен филм на Арсовски освен на Фестивалот на француски филмови што се одржа во Скопје и во Охрид, наредниот месец како третонаграден, ќе биде прикажан и на фестивал во Париз.

Инаку ова не ни прв краткометражен фил ниту прва награда на Алексадар. Во неговото портфолио се наоѓаат десетина краткометражни видеа, тв реклами за кампањи за заштита на животната средина но и неколку награди од земјава и странство. Со видеото „Пластична рапсодија“ учествувал и на работилница во Португалија, а по повод 450 годишнината од раѓањето на Шекспир направил краткометражно видео на кое во една минута, со анимација на глинени кукли, упсеал да ја претстави драмата „Ромео и Јулија“ ./Д.С

Авторското видео на Арсовски погледнете го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.