Велешанец со 30 илјади денари „олеснил“ сограѓанин

Објавено: 4 август, 2017, во 15:21 часот

За сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.К.(35) од Велес

Полицијата го сомничи пријавениот дека злоупотребил кредитна картица и извршил кражба на пари од сограѓанинот М.Т. Осомничениот тоа го сторил откако го пронашол изгубениот паричник на М.Т, во кој освен кредитната картица на Комерцијална банка го имало запишано и пинот, по што на 7 јануари годинава во три наврати подигнал 30.000 денари од сметката на М.Т.

Полицијата поседува докази и за неколку неуспешни обиди на осомничениот Т.К за подигање на дополнителни парични средства од сметката на оштетениот М.Т.

Потоа Т.К, паричникот заедно со кредитните картици ги фрлил во контејнер, а парите ги употребил за лични потреби./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.