Патнички воз удри во автомобил на преминот „Порцеланка“

Објавено: 2 јули, 2018, во 15:12 часот

vozPorcelanka1 fin

Несреќата се случила утрово, 2 јули, околу 8 часот на железничкиот премин пред поранешна велешка „Порцеланка“ поточно на регионалниот пат Велес – Извор. Во неа учествувало патничко возило марка „Фолксваген-Туран“ со велешки регистерски ознаки кое го управувал С. М. (23 год ) од Мелница и патнички воз кој сообраќал на релација Велес-Битола, управуван од машиновозач С.М.(49) од Скопје.

Автомобилот се движел по патот од правец на Чашка кон Велес.

За среќа нема повредени лица туку е причинета само материјална штета, соопштија од СВР Велес.

vozPorcelanka3 fin

На местото на несреќата увид направи екипа на СВР Велес. Резултатите од увидот треба да ги утврдат причините за несреќата што се случи на отворен железнички премин кој поседува знаци, светлосни и звучни сигнали./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.