Во Струга се дружат 25 ученици од петте основни и од ПОУ „Маца Овчарова“

Објавено: 9 јули, 2018, во 14:50 часот

DecavoMajskicvet fin

Дваесет и пет ученици од Велес престојуваат во Струга на летна школа која е дел од проектот “Другаруваме, спознаваме, учиме, напредуваме“. Петнаесет ученици учат во петте редовни основни општински училишта и 10 ученици се со посебни образовни потреби од ПОУ „Маца Овчарова“.

Deca1 fin

Летната школа има инклузивен карактер. Учениците од редовните училишта поминуваат повеќе време со своите врсници со посебни потреби. Освен меѓусебното запознавање и дружење, учениците од редовните училишта ќе бидат обучени за тутори на учениците со посебни потреби, со цел да им помогнат на своите другарчиња со посебни потреби од редовните училишта и да помогнат во ефективно инклузивно вклучување на учениците со посебни образовни потреби во редовните основни училишта.

Deca2 fin

Школата ја реализираат училишни дефектолози, Зага Колодезни, Живка Панова Саздова, Весна Стојаноска Ивановска, Марија Давчевска и Вера Коцева, вработени во ПОУ „ Маца Овчарова“ и членови на НВО „Порака“ – Велес.

Deca3 fin

Deca4 fin

Проектот “Другаруваме, спознаваме, учиме, напредуваме“ се реализира во детското одморалиште „Мајски цвет“ и е финансиски поддржан од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, од градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и директорите на основните училишта во градот./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.