Велешанката Ленче Здравкин добитник на државната награда „Мајка Тереза“

Објавено: 25 јули, 2018, во 13:21 часот

LenceZdravkin fin

Одборот за доделување на престижната државна награда „Мајка Тереза“ за 2018 година одлучи нејзини добитници да бидат Ленче Здравкин и Омер Калеши. Одлуката на Одборот донесена на крајот на минатиот месец е објавена во Службен весник на Република Македонија.

Odluka fin

Добитниците Здравкин и Калеши наградата „Мајка Тереза“ ја заслужија за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусобното разбирање и развојот на соработката како помеѓу народите така и помеѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата „Мајка Тереза“ на годинешните добитници ќе им биде доделена на свеченост во Собранието на Република Македонија на 26 август, годинава./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.