Починат велешанец на пат кон болница и стара жена од Свети Николе во болница додека Кавадарчанец бил итно пренесен на клиника во Скопје

Објавено: 9 октомври, 2020, во 16:06 часот

infektivnooddelenie fin

9.10.2020
Починатиот бил сомнителен случај поради симптоми на ковид-19 за што знаел неговиот матичен лекар кај кој пријавил дека има покачена температура.

„Вчера околу 19 часотна инфективното одделение во велешката болница е донесен пациент на 55-годишна возраст, без знаци за живот, односно без дишење и срцева реакција, со податок од матичен лекар за покачена температура во последните неколку дена, сомнителен за ковид-19 инфекција“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес. 

Според Николовска Неделкова починатата старица од Свети Николе четири дена се лекувала на Инфективното одделение во велешка болница. Жената имала тешка клиничка слика, пневмонија и била на кислородна поддршка.

Исто така вчера, наместо транспорт на Инфективна клиника по барање на семејството, од Општа болница Велес во Клиника „Жан Митрев“ бил пренесен 56-годишен пациент од Кавадарци на кој му се влошила здравствената состојба соопшти др Николовска Неделкова.

Денеска на Инфективното одделение на вечешката болница се лекуваат 26 пациенти, од кои 23 се потврдени позитивни на коронавирус додека за тројца се чекаат резултати. Од одделението се испишани четири пациенти, по два негативни резултати.

Во Велес, од почетокот на пандемијата, заразени се 352 граѓани, регистрирани се 300 оздравени и има 36 пациенти. Досега битката со коронавирусот ја изгубија 17 граѓани. Бројот на починати во Свети Николе, по вчерашниот случај на старицата, изнесува три./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.