Повредена велешанка во сообраќајна незгода во Велес

Објавено на 29 октомври, 2020 во 15:02

VeleskruzentokNovanaselba fin

29.10.2020

Утринава околу 7 часот на ул.„Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес, автобус со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Р. (59), удрил во пешак Н.Р. (38).

Во незгодата, велешанката Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници на местото на сообраќајката извршија увид, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Резултатите од увидот се очекува да ги откријат причините за незгодата./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.