Починаа двајца велешани од Ковид 19 на Инфективно одделение во велешка болница, досега вкупно 31 велешанец со фатален исход
Објавено на 2 ноември, 2020 во 11:17
2.11.2020
Жена примена на болничко лекување пред 25 дена на 87 години со срцева слабост, поточно откажување на срцето како и маж на возраст од 89 години, со деменција што ја предизвикал претходен мозочен удар како и со висок крвен притисок, се двајцата починати велешани.
На инфективно одделение, во моментов, се лекуваат 52 пациети.
-Од вкупниот број на 52 пациенти потврдено позитивни се 44 додека осум се сомнителни со симптоми на коронавирусот. Од нив 17 пациенти се на кислородна поддршка, рече портпаролката на болницата д-р Весна Николовска Неделкова.
Педесет и двајца хоспитализирани пациенти на Инфективно значи дека на одделението има само уште два празни кревети за прием на новозаразени граѓани со Ковид-19./У.Ј
