Пренесени добри практики за „Работа во сенка или JOB Shadowing “ на велешките училишта
2.11.2020
Тоа што низ едногодишна реализација на проект добиен од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност за 2019/20 год, програма КА1- 101 го работеше на полето на инклузија, ООУ” Васил Главинов” како добра практика го пренесе на претставниците на основните и средни училишта во Велес.
Станува збор за идејата што потека од потребите на самото училиште за подобрување на квалитетот на реализација на наставната програма, подобрување на образовната компонента, работните услови во училиштето, квалитетот на креирање на училишната политика и зајакнување на соработката со други училишта од Европската унија и регионот во однос на релевантни теми во подобрување на образовниот процес. Така преку програмата КА 1 – Учење преку индивидуални мобилности и преку платформата на е -Твининг, ЕАСЕА и други училишни платформи на наставниците и учениците им овозможи да воспостават соработка со две училишта, со кои во изминатата година, разменија идеи, а подоцна потпишаа и договор за реализација.
Идејата преку проектот пред една година беше Инклузијата како најголем предизвик во македонскиот образовен систем, но и во ЕУ. Во развиените земји кон кои се стремиме процесот на инклузија е далеку понапреден, дури и на светско ниво е приоритет во Агендата 2030 на Обединетите Нации. ЕУ има изготвено Стратегија за инклузија. Дека инклузијата не е илузија и во самото училиштето потврдува преку работата на неговиот стручен тим и директорот кои прават големи исчекори во ова поле.
-Група од 10 наставници имаа за цел да го видат сето она што го замисливме како добра практика во Петто основно училиште Христо Ботев – Ќустендил, Р. Бугарија каде на почетокот на гостувањето преку видео презентации ги истакнавме нашите можности, активности и постигнувања.Во период од 10 дена набљудувавме, учевме и споделувавме искуства секој во својата област, одделенска, предментна настава , стручна служба и менанџмент. Обсервиравме што е иновативно училиште, како се станува поактивен во однос на аплицирање за нови проекти. Училиштето домаќин голем акцент става на активности и проекти од областа на природните науки, детектирање на талентираните ученици, индивидуална работа, формирање на лабораторија за подготовка на експерименти кои се дел од наставната програма и се користат за најразлични проекти. По часот на интереси беа демонстрирани неколку експерименти од предходни проекти, а асистенти на наставниците се талентирани ученици од повисоките одделенија. Во градот Ќустендил има центар кој работи со талентираните ученици од сите училишта од регионот. Доколку пак некој ученик се истакнува многу повеќе од останатите, неговото знаење се надградува во образовниот центар во Софија, рече директорот на ООУ „Васил Главинов“ Сашко Чоков.
Бугарскиот образовен систем создал механизам кој ги поттикнува и наградува овие ученици. За постигнат врвен резултат и освоена награда на Државно и Меѓународно ниво тамошните ученици не полагаат приемен испит за соодветно високо образование и истите добиваат стипендии. Општината Ќустендил дава еднократна стипендија на талентираните ученици кои се наоѓаат на листата на нивното министерство за образвание.
Стекнатите искуства на втората мобилност во Основното училиште „Тенја“, во Осјек, Р.Хрватска, од училишниот тим, директорката Драженка Шебек и координаторот Тихомир Јуричиќ педагог во училиштето, на професорите и директотот Чоков од ОО „Васил Главинов“ биле несебично споделените искуства за инклузијата , работата со талентирани и надарени ученици, новите методи на работа и користењето на компјутерската техника во реализирање на образовните цели. -Вложувањето во образовниот процес таму е огромна придобивка на држвата, Република Хрватска, за кое можевме да се увериме сами. Нашето работно патување продолжи во центарт за раст и развој на децата со посебни потреби „Иван Штарк”, каде ја запознавме директорката Едит Лемал која ни го објасни целиот систем на функционирање и залагање за подобар живот на лицата со посебни потреби како и на Центарот за одличности Осјек ( CIO) каде со др Жељко Рачки научник во областа на нашиот интерес успеавме да ја разрешиме дилмата на кстегоризирање на талентираните од надарените деца.
На крајот од проектот, преку подготвена презентација што беше составен дел од дводневна работилница во Хотел „Интернационал Палас“ наставниците и раководителите на ООУ „Васил Главинов“ на колегите од другите основни и средни училишта , невладиниот сектор, Државен просветен инспекторатот , Биро за развој , ПОУ „Маца Овчарова“ и други стручни соработници ги запознаа со голем број стекнати искуства за работа во сенка или JOB Shadowing.
Проектот „Работа во сенка или JOB Shadowing “ се реализира од 01јуни 2019 до крајот на месец ноември, годинава со вкупен буџетот од 33.150 евра . Најголемиот резултат, според искуството на наставниците и директорот, на ова велешко училиште, се разменетите искуства и добри практки како и воспоставената тесна соработка со две училишта од регионот која ќе овозможи подготвување на заеднички проекти и за други меѓународни повици./У.Ј
