ВМРО ДПМНЕ: „Нека ни е честит Денот на градот Велес“

Објавено на 10 ноември, 2020 во 08:50

zgradaVMRODPMNE fin

10.11.2020

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес на сите велешани им го честита 9-ти Ноември денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор и денот на градот.

„Седумдесет и шест години горд и слободен Велес.

Овој ден кој е симбол на слободата на градот нека ни е водилка и патоказ за во иднина. Нека ни е спомен на жртвата, на сите згаснати животи за слобода и за подобар и поубав град. За нас ќе остане долгот да ја зачуваме со крв стекнатата слобода и со мака изградениот Велес, но и да направиме и изградиме нешто повеќе за идните генерации.

Нека ни е честит денот градот!
Нека е вечен Велес!
Нека е вечна Република Македонија!“, пишува во вчерашната честитката на локалната опозициска партија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.