Исчезнато тринаесет годишно девојче од Велес
Објавено на 12 ноември, 2020 во 13:39
12.11.2020
Детето исчезнало во вторникот, вечерта околу 20 часот. До сега од него нема ни трага ниту глас.
Исчезнувањето на малолетното девојче во Полициската станица Велес го пријавила мајката, Т.И.(32) од Велес, вчеравечер, кога сопштила дека нејзината тринаесетгодишна ќерка се оддалечила од нивниот дом, ден претходно и не се вратила.
– Се работи на пронаоѓање на лицето, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски
