Се полни Општа болница Велес со ковид пациенти, почина маж од Свети Николе

Објавено на 12 ноември, 2020 во 14:09

Infektivnooddelenie fin

12.11.2020

После полноќ почина пациент од Св.Николе на 62 годишна возраст примен на лекување пред четири дена во велешка болница. Тој на 9 ноември бил хоспитализиран со ниска сатурација на кислород но, со прв негативен тест на Ковид. Вториот тест му бил земен додека тој се лекувал на Инфективното одделение. За жал резултатот со кој се потврдило дека е позитивен на Ковис-19 стигнал утринава или осум часа по смртта на пациентот.

Општа болница Велес се полни со пациенти кои се заразени со ковидвирус. Денеска вкупниот број на примени изнесува 78 пациенти. Од нив 13 се сомнителни и 65 се позитивно потврдени.
На Инфективно одделение се сместени 54 пациенти и по седум на Одделението за физикална медицина и на Интерно. Од вкупниот број 22 пациенти се на кислородна поддршка.

Во тек на денешниот ден од Општа болница Велес транспортиран е еден пациент по барање на семејството во Клиника „Жан Митрев“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.