Се полнат капацитетите на одделенијата на Општа болница Велес со ковид пациенти
Објавено на 13 ноември, 2020 во 19:14
13.11.2020
Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешка болница ,денеска, изнесува 77 од кои 63 се позитивно потврдени на коронавирус додека 11 се сомнителни. На болничко лекување има и тројца негативни пациенти на кои сеуште им е неопходно потребна здравствена помош.
Од вкупниот број од 77 пациенти 23 се на кислородна поддршка.
Најголем број од пациентите, поточно 50, се лекуваат на Инфективно одделение потоа на Физикална се хоспитализирани 14 и на Интерно одделение 13 пациенти.
Портпаролката на Општа болница Велес др Весна Николовска Неделкова информираше и за еден починат маж од Свети Николе, на 69 години, примен пред два дена во тешка состојба со позитивно потврден тест на коронавирус.
Стоилко Андреевски
