Починаа тројца ковид пациенти, велешка болница има само уште 10 празни легла
16.11.2020
Еден велешанец, на 89 годишна возраст и еден маж од Свети Николе на 68 годишна возраст, починаа вчера доцна попладне, додека утринава и велешанец на 51 години ја изгуби битката со коронавирусот на Инфективно одделение во велешка болница. Вкупно 79 ковид пациенти се лекуваат на трите одделенија на болницата во која на располагање има само уште 10 легла по четворица ново примени ковид пациенти до 18 часот.
Шеесет и седум пациенти се потврдено позитивни, седум се водат како сомнителни и петмина негативни на кои им е сеуште неопходно потребна здравствена помош. Тоа споредено со вчерашниот ден значи дека на болничко лекување е примен само еден ковид пациент и во исто време за двајца е зголемен бројот на пациенти кои се водат како оздравени, со негативни тестови, но нивната здравствена состојба покажува потреба од медицинска помош.
Фактичката состојба покажува дека нема слободно легло на Инфективно одделени каде се лекуваат вкупно 54 пациенти. Сосема е пополнет и Б-тракт на Интерно одделение каде нема место за прием на нови болни.
Со примените 4 ковид нови пациенти, попладнево до 18.30 часот и капацитетот на Физикална е исполнет со 14 пациенти. Само на ова одделение се останати 10 празни места за потребата на заболените граѓани од болничка здравствена услуга во Општа болница Велес.
Стоилко Андреевски
