Реакција на читател на Дума.мк: „И јас плачев додека го читав сведочењето на учителката од Кавадарци“

Објавено на 16 ноември, 2020 во 17:40

SpomenikotvoMoklishte fin

16.11.2020

Мејл полн со емоции, тврдења и споделени ставови стига до нашата редакција денеска откако го објавивме текстот со наслов Сеќавања на една учителка: Плачам, секогаш кога ќе ја слушнам песната „Ми заплакало селото Ваташа“. Ви пренесуваме што ни напиша читателот Р.Еленов:

„Го читав текстот на Љупчо Данов и плачев ! Така беше, навистина така беше. И јас бев сведок на пресметката на кавадарчани кон Апостолов. И кај мене во маалото дојдоа неколку фамилии од Ваташа.

Се е вистина! И јас се чудам зошто сега Бугарите го напаѓат Јосип Броз Тито? Што ним, на бугарските власти им смета Тито? Како тие живееја во времето на претседателствувањето на Тодор Живков, секако дека со него не поминаа добро, но збор не рече Захариева за тоа време во Бугарија. Јас ке и одговорам, да точно не само што беа фашисти туку дел од нив беа и изроди според сторените злосторства над дел од македонскиот народ во времето на Втората светска војна.

Се сеќавам на една соседка што ја искасапија само затоа што двата сина и беа во партизани. Ја исекоа на парчиња. Од каде сега тие барања, тој националистички порив кај нив дека требало да сме се преименувале во Бугари!?

Им одговарам: Леб и сол ќе јадам , ама Бугарин не се пишувам!

И уште само ова. Ги повикувам ним, властите на Република Бугарија да дојдат во Ваташа и прво да се извинат за сторениот злостор, за масакрираните невини ваташки деца. И Захариева и Радев и оној Каракачанов, сите што се обидуваат да ги провоцираат македонските власти и македонскиот народ. Освен за стореното злосторство во Ваташа и за тоа што тие требало досега да сторат за да ја променат нивната, национална историја.

Ама не сакаат да ги вртат старите страници оти знаат дека се црни, гламјосани и пеплосани. Германците се тие што добро знаат кој им беше сојузник во Втората светска војна. Затоа ним, како цивилизиран, европски народ ги повикувам јавно да кажат- Европа да чуе, па после да одлучува. Во исто време порачувам: Името и јазикот не го даваме, а историјата си е наша, македонска и ние Македонците ама баш ич не ја споредуваме со бугарската“, напиша во емоционалната порака до редакцијата на Дума.мк читателот Р. Еленов.

Вашиот хроничар,
Љупчо Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.