Притвор од 30 дена за велешанец што два пати силуваше соседка

Објавено на 16 ноември, 2020 во 18:46

OJOVeles fin

16.11.2020

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт против 55 годишно лице од Велес за сторено едно продолжено кривично дело  „Силување од член 186 од Кривичниот законик“. Во објавеното соопштение за јавност пишува: 

„Обвинетиот искористувајќи исти прилики, како сосед на оштетената, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз неа. На 17.09.2020 околу 22.00 часот префрлувајќи се преку оградниот ѕид од улицата влегол во дворот од куќата на оштетената, а откако таа излегла на влезната врата, ја турнал и насилно влегол во куќата. Потоа употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело кое со поднесеното обвинение му се става на товар.

Имајќи ги во предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на обвинетиот, како и фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, до Основниот суд Велес заедно со обвинението поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.​

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.