Реката Вардар, долж течението низ Велес, ќе добие пречистителна станица и колекторски систем
09.03.2021
Изградбата на овие два значајни објекти, колекторски систем со пречистителна станица, за заштита на водата во реката и на животната средина од фекални и отпадни води ќе ги прифаќаат освен од Велес и од населените места Оризари, Башино Село како и од населбата на брегот на езеро Младост. Објектите и системот, цевководот, ќе започнат да се градат во втората половина на 2022 година.Општина Велес ги обезбеди финансиските средства во висина од 23,5 поточно 24 милиони евра од програмата ИПА 3 на Европската Унија.
Во подготвителната фаза општината има обврска да отпочне процес на експропријација на градежно земјиште и други витални посебно геодетски работи за потребите за реализација на овој проект. Техничката документација на капиталниот проект чини околу 1,5 милиони евра. Општина Велес има подготвено Физибилити студија, Кост – бенефит анализа што во суштина ја содржи економската исплатливост на проектот како и Основен проект за изградба на колекторски систем, реконструкција на канализација и иведба на нови линии. Исто така завршен е и Иден проект за изградба на пречистителната станица.
– Покрај огромното значење што ќе го има во заштитата на животната средина во нашата земја и во Грција, овој капитален проект вреден милиони евра ќе обезбеди управување со отпадните води во Велес кои повеќе нема да се исфрлаат во Вардар. Искрено се надевам дека програмите и плановите за реализација на ИПА 3 инструментот ќе се реализираат наскоро и дека велешани конечно ќе добијат систем за управување со отпадни води според највисоките европски стандарди, рече Градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Освен овие клучни документи како и комплексната тендерска документација овозможија да се добие проектот и да започнат подготовките за негова реализација. Од општината соопштија дека веќе голем број реномирани компании, од земји членки на ЕУ кои се специјализирани во сферата на управување со води и отпадни води, пројавиле интерес за изведбата на овој проект во Велес.
Убавка Јаневска