Коцевски: Состојбата во градот е алармантна, потребно е строго да се придржуваме на воведените мерки
06.04.2021
Епидемиолошката состојба во Велес и велешко е алармантна, оцени денеска Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување. Во моментов има само три слободни кревети во Општа болница Велес, но како дополнителен проблем се појавува и недостигот на персонал како нивната премореност.
– Состојбата е посебно алармантна затоа што борјот на болнички кревети во Велес кои се слободни е многу мал, скоро половина пациенти се на кислородна поддршка и бројот на пациенти кои се на помлада возраст е се поголем. Mораме да бидеме многу внимателни. Во Општа болница Велес на Инфективното одделение и во кракот Б на Интерното одделение, заклучно со утринава, хоспитализирани се 103 лица, од нив 53 на Инфективно одделение, осум во дневна болница и 42 лица во Модуларната болница, рече Градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Болницата во Велес има сериозен проблем со дотурот на кислород. Општинскиот кризен штаб на денешната седница донесе заклучок вработени од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, од работните единици „Паркови и зеленило“ и од „Комунална хигиена“ во наредните две недели да помагаат во при растоварање и утоварање на боците со кислород.
-И покрај тоа до сега не се случило пациент да не биде не обезбеден со кислород. Постојат денови во кои и по два пати фирмата, избрана на тендер, дневно да доставува кислород од Скопје во болницата во Велес. Како што потенцирав и претходно проблем е што се поголем број на пациенти се со потешка клиничка слика, што половина се на кислородна поддршка и што се поголем број млади луѓе се заразени, додаде Коцевски.
Според податоците од Центар за јавно здравје, заклучно со вчерашниот ден 4728 лица од Велес и пошироко од регионот се заразени од ковид-19. Од нив 3799 се оздравени. Во моментов активни се 788 лица додека 141 лаца се починати.
Заклучно со утринава во Општа болница Велес хоспитализирани се 103 лица. Од вкупнуот број 98 се позитивни, двајца негативни и тројца непотврдени. На кислородна поддршка вкупно се 47 лица од кои 36 на кислородна поддршка и 11 на концентратори.
Градоначалникот посочи дека со нетрпение чека да дојде на ред за да се вакцинира и да биде пример за неговите сограѓани и сограѓанки бидејќи не постои никаква опасност од вакцините. Но соошти личен став според кој политичарите и градоначалниците не треба да ја злоупотребуваат функцијата и да се вакцинираат преку ред.
Стефани Манева