Акциска контрола на моторцикли и евидентирани 50 лица кои не носеле маска
Објавено: 12 април, 2021, во 10:00 часот
12.04.2021
На подрачје на Сектор за внатрешни работи Велес, во период од 15:00 до 20:00 часот, вчера, била спроведена акциска контрола на моторцикли, при што се регистрирани вкупно 24 прекршоци. Од нив девет во Велес, девер во Кавадарци и шест лица во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Во текот на истиот ден за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 50 лица од кои 18 во Велес и 32 во Кавадарци.
За време на полициски час, СВР Велес, нема евидентирано лица за непочитување на забраната за движење.
Стефани Манева
