Амандманите не ви беа уредно изработени, согласно чл. 164 од Деловникот
Вака општина Велес реагира на прес конференцијата на опозицијата која обвини дека на последната седница на Советот и биле отфрлени амандмани чии образложенија не ги видела само локалната власт.
Во писмената реакција на општина Велес пишува дека спорните предложени амандмани од 11-та седница на Советот, одржана на 4-ти ноември, на советничката група на СДСМ не биле усогласени со Деловникот и затоа не биле прифатени..
„Имено, Деловникот е многу јасен во однос на изготвувањето на амандманите. Член 164 е недвосмислен и гласи: Амандманот мора да биде образложен. Член 166 став 2 исто така: Амандманот на предлогот на одлука, претседателот на Советот го доставува и на Комисијата за Статут и прописи, за да го проучи и на Советот даму достави извештај. Врз основа на овие две одредби, Комисијата за статут и прописи ги разгледа предложените амандмани од членови на советничката група на СДСМ и оние кои не беа во согласност со одредбите на Деловникот т.е не беа уредно изработени согласно член 164 и во себе не ја содржеа формата по која треба да бидат изготвени, стана беспредметно нивното разгледување на седница на Советот“, пишува во реакцијата на општина Велес.
Одтаму соопштија дека на седницата била отворена расправа по амандманите кои опозицијата ги напишала согласно Деловникот но, предлагачите од опозицијата самоинциијатвно ги повлекле.