Се бара директор за училиштето во Иванковци!
Објавено на 2 декември, 2013 во 14:57
Општина Велес и училишниот одбор на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во с. Иванковци распишаа оглас за директор на основното училиште откако претходната директорка Василка Ѓурчиновска го замени директорското место во училиштето со ново во интернатот.
Сега со огласот кој е распишан се бара кандидатите да имаат соодветна диплома за завршено високо образование, пет годишно работно искуство во образовна институција, да имаат положено испит за директори и подготвена четиригодишна програма за работа.
По завршувањето на рокот за пријавување за триесет дена ќе треба да се случи изборот на новиот прв човек на училиштетот во селото Иванковци.
Инаку во моментов функцијата ве де директор ја извршува Евица Ѓорѓиева, вработена во училиштето./Б.Н