Малку донации има на сметките, неизвесно е лекувањето на Стојанче во Кина
Уште дваесет дена го делат единаесетгодишниот Стојанче Димовски од закажано лекување во Кина но, неговите родители неможат да ја соберат ниту половина од потребната сума пари. До денеска на нивните отворени жиро сметки за донации има пристигнато скромна сума на пари а за тримесечното лекување во болницата во Кина се потребни 15 илјади долари.
– Им благодариме на сите добронамерни луѓе кои ја разбраа големата желба на Стојанче да може сам да оди и ни подарија пари. Се надевам дека и во преостанатите дваесеттина дена ќе наидеме на разбирање кај граѓани и сопственици на фирми што ќе одлучат да го поддржат моето дете во неговата најголема животна битка. Тој од се срце посакува да биде како неговите другарчиња, да може да оди, да трча, да игра фудбал. Сега тоа не го може, рече мајката на Стојанче, Македонка.
Како што ги бројат пристигнатите донации така семејството Димовски ги брои и деновите кои им преостануваат до патувањето во Кина. Имаат уште точно 20 дена. Тие не сакаат да веруваат дека токму сега треба да потклекнат само затоа што не се финансиски моќни.
По сите извојувани битки со болеста церебрална парализа како што се операцијата на тетивите на нозете, редовната физикална терапија, бањските лекувања кои дадоа резултати и ја направија еластична мускулатурата на двете нозе сега лекарите од Кина им влеаја голема надеж дека детето ќе оди.
Стојанче може сам да стои но му треба поддршка да прооди. Тој секојден упорно вежба на статичниот велосипед и на металната шипка во претсобљето на семејната куќа. Така мисли дека ќе биде по подготвен за третманите со акупунктура. Тие и алтернативната медицина ќе му помогнат на детето само да зачекори и ќе му го сменат животот, напишаа лекарите од Кина./Б.Н
На Стојанче можат да му помогнат сите граѓани на следниве жиро сметки и мобилни телефони на операторите
ВИП – 077/ 143 705
Т-МОБИЛЕ 070/143 105
Трансакциски сметки во СТОПАНСКА БАНКА на име Димовски Стојан
Денарска – 200002631002093
Девизна – 0026311459