На 4 јануари, возовите нема да сообраќаат на пругата Велес – Скопје

Објавено: 3 јануари, 2014, во 14:17 часот

Во сабота, на 4 јануари, нема да сообраќаат возовите од Скопје кон Велес и обратно, од Велес кон Скопје. Причина за прекин на сообраќајот, велат од Македонски железници – транспорт биле  техничко-технолошки потреби.

Од претпријатието соопштија дека обезбедиле  автобуски превоз за патниците кои ќе ги користат услугите на возовите 613 кој сообраќа од Скопје кон Гевгелија, потоа на 643 кој сообраќа од Скопје за Битола и 651 од Скопје за Кочани. Автобусите ќе поаѓаат од Скопје од локацијата Транспортен центар и со нив патниците ќе патуваат до Велес откаде потоа  ќе го продолжат патувањето со воз.

Во исто време корисниците на услугите од возовите 650 кој сообраќа од Кочани за Скопје, број 632 од Гевгелија за Скопје и на 642 од Битола за Скопје ќе бидат префрлени од Железничка станица во Велес до станицата во Скопје.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.