Ново казнети велешани за „шетање“ во полициски час
Објавено на 7 јуни, 2021 во 15:41
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/06/osnoven-sud-i-javno-obvinitelstvo-veles-1.jpg)
Основното јавно обвинителство во Велес, до Основен суд Велес, поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.
Постапката е поведена бидејќи обвинетите го нарушиле полицискиот час и за време на важечката забрана за движење, без дозвола, се движеле на различни локации.
За осомничените предложено е изрекување парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, вкупно 800 евра во денарска противвредност.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)