Одрон завршил врз возило на автопатот Скопје – Велес

Објавено на 3 март, 2014 во 20:17

Вечерва на автопатот, се одрониле делови од карпа кои завршиле врз автомобил со велешка регистерска табличка на која се наоѓал бројот 717, тврдат очевидци за Дума. Хаубата на возило била оштетена, не виделе дали има друга штета но не биле повредени патниците кои стоеле до автомобилот.

Според патници, кои пред дваесеттина минути патувале по автопатот од Скопје кон Велес,  деловите од карпа и камења  паднале од ридот после параклисот на патот и манастирот Свети Јован. Поради темнината тие претпоставуваат дека станува збор за делницата на која лани беше интервенирано и поставена заштитна ограда.

Оштетеното возило стоело на автопатот а имало и полиција. Според портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска тоа е подрачје кое го покрива полициската станица во Петровец./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.