Осомничен извршител за незаконска продажба на дел од стоковната куќа на „Велеспром“

Објавено: 6 декември, 2013, во 14:03 часот

Велешката полиција ја осомничи педесет и едно годишната Ј.Ѓ.од Скопје која во својство на Извршител лани на 12 ноември сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавената постапувајќи по барање на заложниот доверител Тутунска банка АД Скопје, спровела присилно извршување врз имот на АД „Велеспром“, врз основа на нотарски акт од 2005 година и продала дел од стоковната куќа во центарот на Велес  со површина од 722м2,  кој не бил оптоварен со залог.

Таа на овој начин го оштетила „Велеспром“ со износ од 7 милиони и 515 842 денари, во корист на доверителот Тутунска банка АД Скопје./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.