Општина Велес: Опозицијата реагира половина месец откако е донесен Буџетот зa 2014 година
Општината ги праша опозиционерите зошто не реагирале кога се носеше Буџетот и тогаш не ги соопштиле своите ставови туку сега половина месец подоцна. Во писмената реакција локалната власт вели дека тоа е сепак одговорност на самата политичка партија.
„ Што се однесува за Буџетот на Општина Велес е подготвен стои на ставот дека истиот е изготвен согласно основните насоки за подготовка на буџетите на општините за 2014 година, а тоа се остварување на стратешките определба за зголемување на економскиот раст и конкурентноста на економијата на трајна основа, зголемување на вработеноста, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на населението“, пишува во соопштението на општина Велес.
Од таму додаваат дека во Велес се гради и се создаваат дела исклучиво за потребите на граѓаните, дека 2013 година била успешна и во неа биле реализирани повеќе од 120 проекти и дека годинава ќе го задржат истиот интензитет на активности како дел од вкупните напори за инфраструктурен, економски, културен, образовен и спортски развој на општината./Б.Н