Не е потребно дискредитирање, реагира општината на обвинувањата од СДСМ

Објавено: 30 октомври, 2013, во 16:52 часот

Јавните расправи по нацрт-програмите за 2014 година беа едни од најдобро организираните досега и ги посетија голем број преставници, од сите сфери на општественото живее во градот што може да се потврди со фотографии, напиша во денешната реакција општина Велес.

Од таму реагираа на вчерашната прес конференција на СДСМ и обвинувањето дека наместо дијалог со граѓаните собирите наликувале на монолог на власта.

 

„За време на јавните расправи, присутните кои беа заинтересирани по однос на нацр-програмите активно се вклучија во дискусиите разменувајќи мислења и сугестии со градоначалникот и преставниците на општиснката администрација. И затоа крајно се нелогични и неточни изнесените ставови дека јавните расправи беа монолог и проформа. Инаку, во интерес на транспарентното и јавно работење и информирање за трошењето на буџетските средства, Општина Велес од утре започнува да реализира тркалезни маси со различни групи на граѓани, на кои ќе бидат разгледувани нацрт-програмите за 2014 година“, напиша општината..

Оттаму соопштија дека градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев, започнале да ги посетуваат урбаните и месните заедници на територијата на Општина Велес.

„ Целта на ваквите средби е граѓаните да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година,“ стои во писмената реакција на општината.

Во неа се укажува дека кога се во прашање народните пари институцијата ќе продолжела да работи отчетното, транспарентно и прецизно да ги информира граѓаните за тоа каде и како се трошат нивните пари па затоа не биле потребни обиди за дискредитирање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.