(Oбновено) Се самоуби познат велешки судија, во пензија

Објавено: 5 јануари, 2014, во 15:50 часот

Во семејната  куќа  во центарот на Велес, попладнево околу 14.30  часот е пронајдено мртвото тело на поранешниот судија Бојчо Весов.  Информацијата ја потврдија  од велешката полиција и не откриваат повеќе детали бидејќи случајот засега го водат како самоубиство. Од СВР Велес велат дека истрагата во домот на Весов се уште трае.

Неофицијално судијата сам си стрелал со пиштол во глава, а еден куршум во слепоочницата бил фатален по неговиот живот. Поранешниот судија бил мртов кога стигнала брзата помош.само констатирала смрт.

Инаку Весов неполна година е во пензија а речиси целиот работен век го помина во Основниот суд во Велес. Предметот платено убиство во Ореше беше последен поголем судски процес  во кој Весов беше член на петчлениот судски совет. Исто така тој беше кум на осудениот обвинител, во овој случај, Ивица Ефремов. Весов имаше 65 години и зад него остави син единец./Б.Н

 

16: 50 – Во семејниот дом, денеска Бојчо Весов, поранешен судија на Основниот суд во Велес испукал во себе куршум од пиштол. Ова се првичните информации поврзани со самоубиството што се случило околу 14.30 часот. Лекарите од Брза помош не можеле да му помогнат на шеесет и пет годишниот велешанец. Тие само констатирале дека е мртов.

Весов пред една година се пензионираше како судија на велешкиот суд. Таму го помина скоро целиот работен век.

Секој момент се чека да започне увидот во домот на судијата од страна на увидната полициска екипа и јавен обвинител./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.