Со крап порибено велешко езеро

Објавено: 4 декември, 2013, во 13:59 часот

За седум дена велешкиот ривир е побогат за 50 килограми пастрмка и 500 килограми крап. Спортско риболовното друштво „Бабуна“ со пастрмка од Репроцентарот од Неготино ја пориби реката Бабуна и денеска во „Младост“ пушти 500 килограми млад крап. Порибувањето е дел од годишната програма на друштвото според која во 2013-та се планирани порибувања на реките и Младост со вкупно 950 килограми млада риба, рече потпретседателот Ане Тодоров.

– Ова е најповолниот период за порибување бидејќи рибата од видовите грабливка, сом и смуѓ не е многу активна а тоа ќе значи дека младиот крап ќе може да преживее. Тие нема да ја ги изедат малите крапови и ќе преживеат што пак за езерото ќе значи збогатен рибен фонд, рече Тодоров.

Сега младата риба треба да се сочува, пред време да не заврши на јадиците на рибокрадците за што од СРД „Бабуна“ најавија зголемена контрола од страна на рибочуварската служба и ригорозни мерки кон несовесните граѓани./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.