Со пастрмка порибена реката Бабуна!
Од денеска Реката Бабуна, кај вливот во Вардар е побогата за 50 кг македонска пастрмка. Порибување извршија спортските риболовци како дел од обврските првземени со добивањето на концесијата за реката. Сепак на нив ќе остане и да успеат да ја зачуваат рибата од рибокрадците.
Рибочуварската служба и агенцијата која е задолжена за обезбедување на теренот, ќе го заштити делот каде е извршено порибување. И самата пастрмка е таква риба која лесно се прилагодува на условите и тешко може да се улови – изјави Лазар Лазаревски член на ЗСРД Бабуна.
Според експертите од Заводот за рибарство ова е идеален период за поруибување со пастрмка.
„Пастрмката е одгледана во репро центарот крај Струга, сопственост на Институт за сточарство Скопје. Ова е најдобриот период за порибување, од октомври до март. Цел ни е д се збогати рибниот фонд во нашите води и се надеваме дека ќе успеем во ова, рече проф. д-р Васил Костов директор на УКИМ Институт за сточарство од Завод за рибарство и претседател на Риболовна федерација.
Тие најавија дека и во наредниве денови ќе реализираат акции за порибување со крап и тоа на реката Вардар кај Велес и Езерото Младост. Спортските риболовци очекуваат дека во иднина и со други видови риба ќе бидат порибувани околните води, но и дека ќе бидат стопирани несовесните риболовци кој наместо со спортски риболов со мрежа фаќаат поголеми количества риба, а некои стопанства и свињарски фарми, нема да го истураат отпадот во реките. Причините ги гледаат во малите казни за вакви дела./Б.Н.