Што се купуваме и каква храна јадеме?
Објавено: 5 јануари, 2014, во 08:26 часот
Велешанка,лани на почетокот на декември, од продавница во градот купила кесичка со палента на која има отпечатен чуден датум на производство. Производителот, фирма од Србија, пуштил во промет серија од производството на палента произведена во 12 часот и 4 минути на 30 септември 2014 година. И се додека кесичката не стигнала во рацете на претпазливата жена никој од извозно – увозните фирми, дистрибутери и продавачи, не го забележале сомнителниот датум.
Велешанката е мајка на две малолетни деца и тие се најголемата причина за секодневната претпазливост при купувањето на прехрамбените производи. Таа штом го забележала нелогичниот датум реагирала во продавницата. Продавачите веднаш од рафтовите ги повлекле преостанатите пакувања со палента. Она што остана неодговорено, коментираше оваа жена, е точната информација дали беше само печатна грешка и како таа незабележано го минала патот од Србија се до Македонија, поточно до Велес.


