Основниот суд во Велес решава стечаи од Куманово
Постапките се стари десет и повеќе години. Нив не успеал да ги реши Основниот суд во Куманово. Со одлука на Врховниот суд, лани пред крајот на годината, се прераспределени во велешкиот суд. Тие ја носат препораката за итни предмети кои се решаваат без одлагања.
– Сите пет стечаи на компании од Куманово се стари по десет па и повеќе години. За некои се воделе постапки, но некои стоеле во фиоки. Ги добивме кон крајот на ноември минатата година. Веднаш ги распоредивме и еден од нив веќе е решен, рече претседателот на судот во Велес Јордан Лазаров.
Стечајот во кумановски „Југо Турист“ кој започнал во 2003 година а лани во декември, на 25-ти, го решил велешкиот суд. Скопски „Руле Турс“ ќе располага со имотот на „Југо Турс“, одлучил велешкиот суд. Претходно ќе треба да ги подмири сите обврски кон доверителите, меѓу кои се и вработените а стечајниот управник е задолжен да врши надзор врз спроведувањето на планот за реорганизација на компанијата.
Останатите четири постапки се во тек. Освен во велешкиот нерешени предмети на Основниот суд во Куманово , стари една и повеќе децении, се прераспределени уште во неколку судови во државата.