Велес скромно го облекува новогодишното руво

Објавено: 10 декември, 2013, во 17:32 часот

Освен централната, поставена во Младински парк, светат останатите четири елки на улиците во градот. Во електричното напојување се вклучени и новогодишните украси поставени на столбовите. Вечерва светат и лампионите со кои декоративно се красат двата јавори на плоштад Сармаале. На дваесет дена пред дочекот на новата година се знае дека локалната власт нема да организира манифестација на плоштад.

– Цената која ја имаат естрадните уметници за организирана јавна забава на граѓаните е превисока. Подобро тие пари да ги дадеме за украсување на градот, рече градоначалникот Славчо Чадиев одговарајќи на новинарско прашање.

Граѓаните велат дека општината правилно постапила но затоа очекуваат да видат побогато новогодишно украсување од лани.

– Скромно се украсува градот. До лани многу поубава беше атмосферата во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица. Велес заостанува зад овие градови. Се надевам дека годинава ќе биде поинаку штом одлучиле да нема организиран дочек на плоштад, рече граѓанин.

– Се сложувам со пријателот. Од она што го гледаме на телевизија, барем до лани, во многу други градови има повеќе украси на улиците а за Скопје муабет да не правиме, таму е како во бајка, во центарот на градот, рече граѓанин.

– Лани за првпат новогодишна декорација доби Градскиот саат во Велес. Годинава нека ги украсат мостовите железен, Гемиџии, Мало мовче и Стар мост и мислам дека ќе биде поубаво, рече средношколка.

Според велешани сиромаштијата е главна причина што граѓаните новогодишно не ги украсуваат домовите. Но, тие сметаат дека воља нема ниту кај сопствениците на продавници, институциите па така нивните излози и згради во центарот на градот, училиштата и парковите се темни и тмурни наместо со украси да се осветлат и вклучат во празничната атмосвера.

Сите тие имаат можност во наредните дваесет дена да ги прифатат забелешките на граѓаните и да се вклучат со поубав изглед во празничната атмосвера./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.