(ФОТО) Викенд на Пастрмајлии во Велес

Објавено: 2 ноември, 2013, во 13:17 часот

Велес од вчера попладне е центар на гурманите во Македонија. На јубилејната манифестација Питијада најбројни се домаќините но има и гости од Скопје, Штип, Свети Николе, Кавадарци и од Неготино.

Топлото време синоќа овозможи седење под ведро небо. Се бараше место повеќе пред штандовите на производителите на пастрмајлии на главната улица Благој Ѓорев. Место едвај можеше да се најде и пред кафетериите. Сите уживаа во вкусот на традиционално подготвениот специјалитет по велешки рецепт.

Меѓу нив беше и естрадниот уметник Миле Кузмановски. По настапот и концертот пред велешани со особено задоволство ја дегустираше пастрмајлијата.

– Убава и вкусна е, а тоа што во неа има јајца i пастрма ја прави оригинална и поинаква од питата што се подготвува во останатите делови на државата. Сакам да се заблагодарам на организаторот што ме покани во културниот дел на манифестацијата. Задоволен сум од настапот пред публиката која освен што ја има во голем број почувствував дека уживаше во песните и во квалитетните вина, рече Кузмановски.

Велес овој викенд живее во гурманска шема. Седумнаесет производители на пити и седум винарии се подготвени да ги  угостат и најприбирливите посетители. Поканата е веќе испратена. Посетителите кои денеска ќе присуствуваат на Питијадата ќе имаат можност да ја пробаат и најголемата Пастрмајлија што ќе ја произведат пита мајсторите на сендвичарата „Четворка“.

Дума.мк преку фотографии ви ја пренесува атмосверата од вчеравечер во Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.